Враќање на производ
Доколку производот не ви одговара и сакате рефундација, потребно е истиот да го испратите по курирска служба која што вие ќе си ја повикате до адреса: ЕМИ-ЛТД-ТРИ ДОО, ул. Беласица бр.2, Скопје и притоа трошокот за достава е ваш.
Пратката која што ја враќате мора да биде спакувана во оригиналното пакување и задолжително треба да ја ставите и оригиналната фактура. Потоа, ни ја праќате вашата трансакциска сметка на нашата e-меил адреса emibianashoes@gmail.com. Штом пратката пристигне кај нас и се утврди дека вратениот производ не бил употребуван, не е оштетен, сочуван е неговиот изглед, употребни својства и фабрички етикети, се врши рефундирање на средствата на вашата трансакциска сметка.

Избор на курирска служба при враќање на производ
За враќање на производот курирска служба мора да биде ЕКО Логистик Сервис.

Доколку ви треба нова големина или боја тогаш ќе треба да контактирате на маил
emibianashoes@gmail.com или на 076 278 999 да потврдиме дали имаме на залиха, и ако има во магацин ќе се направи замена со тоа што трошокот за праќање од ваша страна и праќање од наша страна ќе биде на ваш трошок!

Замена за нов производ наместо рефундација
Размена на вратени производи со нови производи е невозможно. За вратениот производ задолжително се врши рефундација на средства штом пристигне истиот кај нас.

Физичка замена
Физичка замена на производи во продавница е НЕВОЗМОЖНА.

Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Биана Шус има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на маил emibianashoes@gmail.com. Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
Еми Биана Шус ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2990 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.

Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.

Потврда за вратен производ
Штом пратката пристигне и истата ќе биде обработена од страна на ЕМИ Биана Шус.

Рок за рефундирање на средства
Рефундирање на средствата се врши во рок од пет работни денови од денот кога ќе добиете известување дека вратената пратка е примена во Биана Шус и истата ќе биде обработена.

Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.